Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

Македонците во Вашингтон и насекаде низ земјата, вели тој, се посебно горди за признанието што го дава една од најважните политички институции во Америка, главниот град на САД.

Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон.

Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на иселениците Македонци кои живеат и работат во САД, и потпишана од градоначалничката Мјуриел Бaузер.

-Иако беше побарано уште пред еден месец, од нејзината канцеларија се извинија што малку задоцнија, поради зафатеност околу вонредната ситуација со Ковид-19 во САД, изјави за МИА Мето Колоски, претседател на ОМД.

Македонците во Вашингтон и насекаде низ земјата, вели тој, се посебно горди за признанието што го дава една од најважните политички институции во Америка, главниот град на САД.

-Додека, македонските Американци имаат богато и традиционално искуство во уметноста, архитектурата, поезијата, музиката, и танците; и додека, македонските Американци прават вредни придонеси во многу аспекти на животот вклучително и во бизнисот, правото, медицината, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура.

-Додека, многумина Македонци се истакнати лидери и јавни службеници кои придонесуваат кон богатството на разновидноста на нашата култура, и изразуваат гордост за нивното богато наследство; и додека, денес, Обединета македонска дијаспора и македонско американската заедница го слават Илинден, важен празник кој што го празнува храбриот, иако неуспешен обид за ослободување на Македонците, и создавање на првата демократска република во југоисточна Европа; и

-Додека, македонските Американци се придружуваат на заложбите за мирно и разновидно општество каде секој поединец е третиран еднакво: Сега, затоа, јас, градоначалничката на Вашингтон, го прогласувам 2 август 2020, во Вашингтон, како „Ден на македонско- американското наследство”, се вели во прокламацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот