Илиќ нема врска со Вардар – ја имаме ли замената за Милосављев?

Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Веќе е познато кои играчи си заминаа од Вардар, а секојдневно се шпекулира кои нови играчи би го освежиле составот на новиот шпански тренер Писонеро.

Изминатиот период се појави информација дека легендарниот српски ракометар Момир Илиќ се поврзува со скопскиот тим.

Да, тој бил забележан во главниот град, но средниот бек ја завршува ракометната кариера, последен предизвик му беше унгарскиот Веспрем со кој стигна до финалето во ЛШ.

Овие денови се очекува официјално останување на уште еден ракометар од шампионскиот тим. Голман Дејан Милосављев за една година блесна, доби и големо признание од ЕХФ, а Вардарци треба да ја најдат неговата „идеална“ замена.

twitter.com/BJKHentbol

Се спомнува името на египетскиот голман Карим Хендави (31) кој до сега ги бранеше боите на Бешикташ. Можно е да имаме африканско голманско дуо на голот на Вардар, покрај Калифа Гедбан кој доаѓа од Алжир.

Желба на Хендави е да се пресели во Вардар и чека одлука на клубот, со цел да започнат преговорите со чуварот на мрежата. Хендави, египетски репрезентативец, воедно го знаеме и од настапите во ЛШ, и во сеќавање остануваат неговите одлични одбрани (вкупно 21) лани во салата „Борис Трајковски“ против Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот