Илија Несторовски од Удине за „Слободен печат“: Да го цениме тоа што го имаме, денес нè има, утре не… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 Познати личности во земјата и во странство постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

„Слободен печат“ разговараше со еден од нашите најдобри фудбалери кој настапува во Италија, Илија Несторовски. Како што знаете, Несторгол како што фановите милуваат да го кажат, веќе неколку месеци настапува за калчолигашот Удинезе.

Го прашавме како поминува времето во изолација и кои се неговите совети за сите нас…

– Па, еве веќе 30 дена сум во домашен карантин, и како и сите останати луѓе деновите ги поминувам низ дома. Почнав да готвам, гледам филмови, гледам серии, тренирам секојдневно по 2-3 часа за да бидам колку-толку спремен кога ќе се врати се во нормала, играм „лудо кинг“ со другари, колеги и секојдневно сум на „фејстајм“ со мојата фамилија..

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Ми недостига секојдневниот живот, ми недостигаат сите работи што сум ги правел пред оваа ситуација, носење на децата во градинка, одење на тренинг, прошетка со фамилијата, пиење кафе со сопругата и со колегите, и одење на вечера, но морам да признам дека овој период се одморив физички, бидејќи никогаш 30 дена не сум поминал дома.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Треба да се извлече позитивна поука, пред се мислам оваа ситуација ќе не направи подобри луѓе, да ги цениме работите што ги имаме и да уживаме во животот, бидејќи гледаме денес не има утре не…

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Па, првото нешто што ќе го направам е да излезам на прошетка со мојата фамилија и слободно да можеме да прошетаме без никаква страв, како што сега чувствуваме..

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– Не сум некој љубител на филмови, но сега во овие 30 дена гледам доста серии и можам да ги препорачам „La Casa De Papel“л, „Apache“, „Arron Hernandez“, „Јужни ветар“, „Јужни Ветар“, „Suburra“.

С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Да бидам искрен, немам многу време за музика, бидејќи секојдневно гледам серии, но во принцип слушам се…

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Реално готвам ретко бидејќи секогаш сопругата ми ги подготвува омилените јадења, но сега сум приморан и можам да кажам дека омилено јадење што го готвам е веге-хамбургер со зеленчук, а за доручек омилени ми се палачинки со сируп „ди асеро“, банана, јагоди и корнфлекс.

С.П. И за крај што би препорачал на нашите читатели?

– Би препорачал да останат позитивни во овие тешки моменти, бидејќи со позитивно размислување полесно се пребродува овај лош момент. Да останат дома и да се посветат на нивните најблиски и да уживаат во овие моменти покрај нив.. Поздрав и се ќе биди во ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот