Илиевски: На јутјуб каналот на филхармонија ги објавуваме сите наши концерти, уметноста постои заради публиката (ВИДЕО)

Виктор Илиевски, директорот на Македонска филхармонија во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ потврди дека голем број концерти се одложени за јули и август.

-Со голем број на брилијантни уметници се договараме програмата поддржана од Минитерството за култура да се оддржи наредните месеци. Јас како индивидуа ги почитувам препораките од Владата, мора на позитивен начин да гледаме на ситуацијава. Сите треба многу трпеливо да го надминеме овој период, рече Илиевски.

Тој ја повика публиката да ужува во концертите објавени на официјалниот јутјуб канал на филхармонија.

-На јутјуб каналот на филхармонијата ги објавуваме сите наши концерти, па ја канам публиката да ги погледне и да ужива. Уметноста постои заради публиката. Детските концерти од утре од 12 ќе бидат на овој канал, изјави Илиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот