Илиевски е нов тренер на АВ Охрид
Илиевски со Блокотехна успеа да ја освои Балканската (БИБЛ) лига и воедно се најде во финалето од Купот на Македонија.
Во својата досегашна тренерска кариера ги водел уште екипите на Лирија, Сигал Приштина и Кожув, а беше асистент во Неметали Огражден.
Во составот на АВ Охрид има еден српски интернационалец Данило Мијатовиќ, воглавно се домашни играчи: Зафиров, Волкановски, Донески, Настовски, Двојаковски, Мекиќ, Лефкоски и Младеновиќ.
Целта и предизвикот на Илиевски секако ќе биде со еден здрав колектив, преку добри тренинзи, на самите натпревари се остварат позитивните резултати.
Лани во првенството охриѓани завршија како претпоследни со 35 бодови на табелата во рамките од плеј-аут ли