Антикорупционерите треба да сфатат дека сите случаи не се исти и да се фокусираат само на најважните

Во извештајот се констатира дека од вкупно 273 одлуки што ги донела Државната комисија за спречување корупција од февруари до септември минатата година, само 65 продолжиле на понатамошна постапка.

Антикорупциската комисија да сфати дека сите случаи не се еднакви и да почне да се занимава само со оние најважните, кои ќе ги истакнува, за да се покаже дека корупцијата не се исплати. Ова е пораката за Комисијата по првиот извештај за нејзината работа од март до септември минатата година кој го изработи Мартина Илиевска, а е поддржано од Платформа и Фондацијата отворено општество.

Во извештајот се констатира дека од вкупно 273 одлуки што ги донела Државната комисија за спречување корупција од февруари до септември минатата година, само 65 продолжиле на понатамошна постапка.

– Во периодот што го мониториравме, ДКСК има оформено речиси илјада случаи. Заклучно со септември има донесено 273 одлуки за случаи по различни основи, но најголем дел од случаите се однесуваат на областите образование и јавни услуги. А од типот на повреда во најголем дел се однесуваат на вработувањето – рече Илиевска при презентацијата на извештајот.

Како позитивно таа го оцени тоа што ДКСК многу често сама ги отвора предметите, по допрен глас.

– Во однос на политичките партии најголем дел од случаите се оформени за време на претседателските и локалните избори, минатата година, кога се поднесени претставки. Голем дел од нив се отфрлени како неосновани и утврдено е дека во нив нема корупција или судир на интереси. Во однос на правосудството повредата е во делот на вработувањето – рече Илиевска.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија, презентирајќи ги заклучоците од извештајот, рече дека областите во кои се истражува корупцијата треба да бидат стратешки определени, за да се постигне најголем ефект и да се покаже дека корупцијата не се исплати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот