Илиев се збогува со Чех: Учев од најдобриот

EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Легендарниот голман, вчера за последен пат бранеше пред да замине во пензија. Тој беше на голот на Арсенал кој со убедливи 1:4 загуби од Челси во финалето на Лигата на Европа.
Младиот Илиев кој е дел од Арсенал, преку социјалните мрежи се прости од Чех, притоа заблагодарувајќи му се за се што направил за него.

„Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани во светот, кој го гледав додека растев. Ти беше мојот голмански идол на кој секогаш се угледував и научив многу од тебе во последните неколку години колку што работевме заедно. Ти честитам на одличната кариера и ти посакувам се најдобро во иднина“, напиша Илиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот