Илиев: Повредата е санирана, верувам дека доаѓа правиот момент за мене!

фото: фејсбук/дејан илиев

Нашиот чувар на мрежата е во исчекување на својот следен предизвик, каде и во кој клуб ќе замине повторно на позајмица..

„Слободен печат“ дознава дека повредата на македонскиот репрезентативен голман е веќе минато..

Дејан Илиев поради повреда на мускулот сезонава (2019/20) одигра само четири натпревари за полската екипа Јагелонија на дуелите со Краковија Краков, Легија Варшава, Корона Кјелце и Висла Краков.

Потсетување дека нашиот чувар на мрежата во Јагелонија играше како позајмица од екипата на Арсенал и повторно е во Лондон во исчекување на неговиот следен предизвик.

Супер се чувствувам, имав повреда на мускулот која што веќе е санирана. Од вчера сум во Лондон и очекувам што понатаму ќе се случи за мене во иднина, каде и во кој клуб ќе заминам на позајмица.

За жал во Јагелонија не успеав да одиграм многу натпревари баш поради повредата на мускулот. Одиграв четири мечеви во кој што одиграв солидно, но така требало да биде. Јас сум позитивен и верувам во своите способности дека правата шанса и правиот момент токму доаѓа – ни изјави Илиев.

Претходно Македонецот беше и на позајмица во словачкиот состав на Серед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот