Иконому: Не постои веројатност за задолжителни прекини на струја за домаќинствата

Иконому/ Фото: МИА

Во овој момент не постои веројатност за задолжителни прекини во снабдувањето со електричната енергија за домаќинствата, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и истакна дека вложуваат секаков можен напор и ги разгледуваат сите алтернативи што ги имаат, па дури и најтешките за да не стигнат до такво нешто , јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека Владата презела мерки за да нема прекини во синџирот на снабдување, со олед на тоа дека „ни претстои тешка зима“ и е нејасно што ќе биде и во однос на цените и во однос на енергетската доволност и затоа мора да бидат подготвени „за да не постојат премногу големи проблеми“.

„Нашата земја ги продолжува подготвките за справување дури и со најекстремните сценарија. Како и во другите неодамнешни кризи, така и сега, градиме национални политики за заштита на општеството, но и на бизнисите. Од една страна се активностите за заштеда на енергија во јавниот сектор, но и во домаќинствата и од друга страна со грижа за обезбедување на енергетска доволност. Веќе се развиени координирани напори за снабдување со зголемени количества течен гас, дизел работење на единиците што користат гас и привремено продолжување на искористувањето на лигнитот“, објасни Иконому.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот