Иконому: На Ердоган му пречи тоа што Грција континуирано се зајакнува на сите полиња

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Очигледно е дека континуираното зајакнување на нашата земја во сите области, во економијата, во дипломатијата, во одбранбените капацитети не го остава господинот Ердоган да се смири, порача портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ги последните изјави на претседателот на Турција, Иконому рече дека на Ердоган му пречи тоа што грчката Влада ја зајакнува земјата со програма за вооружување и ја консолидира позицијата на Грција како фактор на стабилност, во Егејското море, Југоисточниот Медитеран и на Балканот, „му пречи бидејќи Грција е протагонист во изнаоѓањето решение за енергетскиот проблем на балканските земји, му пречи средбата на премиерот со претседателот Бајден, неговиот историски говор пред Конгресот“, но и поради стратешките сојузништва на земјата со САД и Франција и соработката со Израел, Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ.

Во однос на тензиите меѓу двете земји, портпаролот на грчката Влада истакна дека Грција не сака тензии ниту во реториката ниту пак тие да се префрлат на фронтот и додаде дека Атина внимателно ги следи сите потези на турската страна и е подготвена „смирено, трезвено и решително да се справи со било каква провокација“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот