ИНФОГРАФИК: Турција е поголем проблем за економијата на Германија од Кина

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Преставувањето на водечките германски трговски партнери помага подобро да го разбереме изворот на проблемите во извозот и оттаму слабеењето на економијата во Германија.

Според податоците на „Bloomberg Economics“ потешкотиите со Кина не се водечкиот фактор. Ударот врз странската побарувачка на германски стоки доаѓа од Турција.

Според иконографикот најголем придонес за промената на висината на германскиот бруто домашен производ од нејзините трговски партнери меѓу првиот квартал на 2018 година и тој на 2019 година отпаѓа на Турција, следена од Франција, Италија и Швајцарија. Кина е рангирана на петтото место.

Турската економија беше силно погодена од валутната криза со локалната валута во текот на летото во минатата година, што доведе до инфлација од најмалку околу 20% и девалвација на лирата.

Турската валута достигна најниско ниво во минатата година, откако загуби речиси половина од својата вредност во однос на доларот и ја заврши годината како поевтина за речиси 30 проценти. Кризата која ги потресе светските финансиски пазари, беше предизвикана од затегнување на американско-турските односи, загриженоста за независноста на централната банка и зголемувањето на задолженоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот