ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болниците

Фото: Принтскрин

Шведската компанија ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против новиот коронавирус.

Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и престилки.

Според Хенрик Елм, менаџер за набавки на компанијата, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на коронавирусот во Европа и САД и затворањето на границите меѓу државите.

– Сепак компанијата беше подготвена и успеа да ги намали последиците од воведувањето на ограничувањата, доставувајќи производи во магацини на различни места, истакна Елм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот