Икеа ги продава фабриките и го намалува бројот на вработени во Русија и во Белорусија

Икеа во Русија
Продавница на Икеа во Русија / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Компанијата Икеа објави дека ќе ги продаде фабриките, ќе ги затвори канцелариите и ќе го намали бројот на вработени во Русија и Белорусија, како резултат на руската инвазија на Украина.

„Околностите не се подобрија, а разорната војна продолжува“, се вели во денешното соопштение на Икеа. „Бизнисите и синџирите на снабдување во светот се силно погодени и не гледаме дека е можно да се продолжи со работа во скоро време“.

Малопродажниот бизнис на Икеа во Русија и Белорусија ќе биде запрен, а работната сила драстично ќе се редуцира, што значи дека „ќе бидат погодени многу соработници”, соопшти компанијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот