Икарди на чекор од враќање во Серија А

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Напаѓачот на ПСЖ и на аргентинската репрезентација, Мауро Икарди, сака да игра за Јувентус и веќе имал разговор со тренерот Масимилијано Алегри, пренесува пренесува француски „Footmercato“.

Сопругата на фудбалерот, Ванда Нара која воедно му е и менаџер на Мауро, на социјалните мрежи веќе даде одредени најави за евентуален трансфер.Таа во неколку наврати даде изјави според кои навестува дека нејзиниот сопруг е заинтересиран да се врати во Серија А и тоа во дресот на Јувентус.

Актуелниот тим на Икарди, ПСЖ е хиперактивен на траснфер пазарот и досега донесе четири екстра засилувања, Џорџињо Вајналдум, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Ашраф Хакими, но планира да се ослободи од неколку фудбалери и се шрекулира дека Икарди е меѓу нив.

Маури Икарди во ПСЖ пристигна 2019 година на позајмица со задолжителен откуп на договорот за 50 милиони евра. Минатата сезона, Икарди одигра 28 натпревари на кои постигна 13 гола и имаше шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот