23 C
Скопје

Икарди и Ракитиќ ќе му бидат соиграчи на Елмас!?

Напаѓачот Мауро Икарди е подготвен да се врати во италијанската Серија А, во составот на Наполи, ова го потврди правниот советник на играчот..

Иван Ракитиќ би можел ова лето да ја напушти Барселона и ја продолжи кариерата во редовите на Наполи. Како што шпекулираат италијанските и шпанските медиуми, освен калчолигашот од „Сан Паоло“, и други клубови се во игра за услугите на хрватскиот интернационалец.

Со месеци се пишува дека има интерес од Јувентус, Интер и Милан, а од шпанска страна екипите на Севиља и Атлетико Мадрид. Договорот на Ракитиќ со Барса истекува во наредната 2021 година, би можел да си замине со мала отштета.

Според неаполското радио „Кис“ и шпанската „Марка“, и клубот во кој што настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи, се наоѓа во трка за потписот на Хрватот.

Италијанскиот вицешампион е свесен дека шансите за ангажирање на Ракитиќ се мали поради интересот на неколку поголеми и финансиски помоќни клубови, но без оглед на тоа, работи на реализација на трансферот – пренесува „Марка“.

Исто така напаѓачот Мауро Икарди е подготвен да се врати во Серија А, во составот на Наполи. Ова го потврди правниот советник на играчот и неговата сопруга Ванда Нара – Елио Лектерио Пино за „Радио Марте”.

Интерес за аргентинската ѕвезда има и од страна на Јувентус, Манчестер јунајтед и Челзи, но Наполи моментно е чекор пред сите.

Поврзани вести

Ова долго се чекаше, конечно ќе се игра првиот фудбалски меч пред полн стадион

Слободен печат

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Слободен печат

ВИДЕО: Пандев стартер на „Луиџи Ферарис“, Сасуоло е пред Рома!

Слободен печат

Георгиевски: Одиме во Токио, живеам за олимписки медал!

Слободен печат

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Остави Коментар