Икарди го шокира Интер со својата одлука

фото:твитер

Аргентинецот веќе ги известил „нероаѕурите“ за својата одлука која воопшто не им се допаѓа.

Мауро Икарди по завршување на сезоната ќе се врати во Интер и ги шокира челниците на екипата. Аргентинецот сезонава настапува како позајмен фудбалер во ПСЖ, но нема намера да прифати францускиот тим да го откупи договорот и планира наредните две години да ги помине во Интер, се додека му трае договор.

Желбата на Икарди е кариерата да ја продолжи во Јувентус, но Интер кога го прати на позајмица во ПСЖ, се обезбеди да биде изигран. „Нероаѕурите“ вметна анти-Јуве клаузула во договорот со ПСЖ, Икарди може да биде продаден на францускиот тим за 70 милиони евра, а доколку потоа тие сакаат да го продадат на Јувентус, ќе мора да платат пенали во висина од 15 милиони евра.

Јувентус нема намера да плаќа 85 милиони евра за Аргентинецот, што значи дека Икарди последните две години од договорот ќе ги помине во Интер.

Претседателот на Интер, Бепе Марота, минатото лето се обиде да направи размена со „старата дама“, да го прати Икарди во Торино во замена за Пауло Дибала, но итлаијанскиот шампион не сакаше да разговара на таа тема.

Единствена опција на Интер останува Наполи и ексцентричниот претседател Аурелио де Лаурентис кој има интересен план како да го натера Икарди да потпише за неговиот тим. Имено, Де Лаурентис и понудил на Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро, улоги во неговите филмови доколку го натера својот сопруг да потпише за Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот