ИЈЗ првпат слуша за сомнежи за смрт после вакцинација против ковид

Вакцинација Борис Трајковски ковид-19
Вакционален пункт СЦ „Борис Трајковски“ /Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) доктор Шабан Мемети за „Слободен печат“ вели дека МАЛМЕД никогаш не доставиле до нив извештаи дека има сомнежи дека двајца пациенти умреле после ковид вакцинација. Следствено на тоа, нема формирано ни комисија за испитување на овие сомнежи, вели доктор Мемети.

Агенцијата за лекови и медицински средства денеска на прес конференција со новинарите посочи дека добиле две пријави за сомнеж за настапена смрт после примена вакцина против ковид кај 53-годишен и 85-годишен ковид пациент. Според раководителката на сектор во МАЛМЕД, едната пријава е од април, а другата од септември годинава и таквите податоци биле испратени до ИЈЗ да се разгледуваат на комисија.

Но, од ИЈЗ демантираат дека воопшто некој им пријавил сомнежи за починати лица по вакцинација против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот