ИЈЗ: Од вкупно 11.123 нови позитивни на Ковид-19, околу 60 отсто се Омикрон

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево (1.152,4/100.000) и во Битола (1.035,5/100.000)

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до девет години.

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години со раст од 99,6% и оние од 50 до 59 со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела. Минимално намалување на бројот на заболени има кај возрасните групи од 20-29 години (-4,3%) и од 10-19 години (-2,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.029 (54,2%) лица од женски и 5.094 (45,8%) од машки пол.

Со статус „оздравени” се стекнале 5.403 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, со зголемување од 31,8%
во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани.

Пријавени се 55 смртни случаи во 15 градови, за 34,1% повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и од возрасната група над 60 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10-15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV
2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е
детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во седум градови и
тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во
споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка венти лација.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%). Регистрирани се 62.107 (27,9%) асимптоматски случаи.

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот