ИЈЗ дневно ќе прави до 1000 тестови за коронавирус, 150 повеќе од досегашните

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за ковид-19.

На овој начин, велат од Министерството за здравство, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите. 

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.  Институтот располага со доволен број тестови за ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.

Прочитајте и...  Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје.

Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2000 тестирања во јавните здравствени установи.

Поврзани вести

ВИДЕО: И мртвите немаат мир, азербејџански војници сквернават ерменски гробови

Слободен печат

Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

Слободен печат

Турција бележи негативни рекорди, 182 смртни случаи од ковид-19 во последното деноноќие

Слободен печат

ВИДЕО: „Бомба“ или само петарда: Откриена вонбрачната ќерка на Путин, тинејџерка е и милионерка!?

Слободен печат

Костовски до Заев: Не е доволно да се каже дека е Македонец, нека одговори на некои прашања

Слободен печат

Техеран: Протести поради убиство на истакнат научник

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian