Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

ИХФ затвори дел од салата во Вараждин поради инцидентите на натпреварот помеѓу Холандија и Македонија

Светската ракометна федерација (ИХФ) изрече санкции поради инцидентите кои се случија по натпреварот помеѓу Холандија и Македонија во второто коло на Светското првенство.

Поради инцидентите ИХФ донесе одлука да ја затвори дел од салата пред следниот натпревар на Македонија.

Од ИХФ потврдија дека се затворени трибините над клупите на стручните штабови на двете репрезентации, а исто така ќе биде зголемено и обезбедувањето.

Ако се случи сличен инцидент во следните натпревари, Македонија би можела да добие и забрана за публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот