Фото: thf.org.tr

ИХФ: Турција и Саудиска Арабија добија „вајлд-карти“ за Светското ракометно првенство 2027

Советот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) им ги додели двете достапни „вајлд-карти“ за Светското првенство за мажи во 2027 година на Турција и на Саудиска Арабија, со што се комплетира составот од 32 репрезентации за 30-то издание.

Со потврдениот конечен состав за Мундијалот, 32 репрезентации ќе ги дознаат своите противници во прелиминарната рунда по ждрепката во среда, 10 јуни, во 18:00 часот по средноевропско време во Минхен.

Во ждрепката ќе биде и Македонија, која, да потсетиме, во баражот со две победи ја елиминираше Словачка.

Светско првенство 2027 – шешири

Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, САД
Шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

За одлуката за тој што има предност во добивањето на „вајлд-картите“ за големи настани ИХФ го зема предвид поширокиот придонес на националните федерации во растот и видливоста на спортот, како и фокусот на развојот на ракометот низ целиот свет. За СП 2027, ИХФ доби 13 апликации за двете достапни места со „вајлд-карта“, што го нагласува силниот глобален интерес за учество на настанот.

Турција ќе дебитира на светските првенства, како што објави ИХФ, учеството на оваа земја се очекува да има значителен одѕив и надвор од теренот, со околу 3,5 милиони луѓе со турско потекло кои живеат во Германија. Саудиска Арабија, која според ИХФ останува една од водечките нации во развојот на ракометот во Азија, по 11. пат ќе учествува на Мундијалите. Нивното вклучување во натпреварувањето го одразува и нивниот спортски профил и континуираниот напредок на играта во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот