Игуаин го реши „Дерби Италија“ и го замолкна „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

twitter/juventusfc

Атомскиот фудбал на „Џузепе Меаца“ на крајот му донесе три бода на шампионот Јувентус, кој повторно покажа зашто доминира во Серија А. Најголемото дерби во Серија А, „Дерби Италија“ му припадна на Јувентус кој како гостин славеше со 1:2 против Интер и му ја прекина победничката серија.

Уште на самиот старт, Пауло Дибала со голот во четвртата минута најави дека ќе следи атомски фудбал од двете екипи. Кристијано Роналдо имаше шанса да го зголеми водството но ја погоди пречката.

Казната за промашувањето стигна веќе во 18 минута кога во својот шеснаесетник со рака играше Матијс де Лихт, по што Лаутаро Мартинез беше прецизен од белата точка.

До крајот на првото полувреме Јувентус повторно беше поблиску до постигнување на гол, во првата шанса голманот на Интер, Хандановиќ одлично реагираше, а во втората шанса беше поништен голот на Роналдо поради офсајд на асистентот Дибала.

Во второто полувреме, гостите од Торино имаа блага иницијатива, а таквата игра ја валоризираа во 80 минута кога резервистот Гонзало Игуаин го постигна победничкиот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот