Игуаин го исполнува условот да го направи најлудиот трансфер во кариерата

twitter/juventusfc

Пред да се започнат официјални преговори, самиот фудбалер мора да покаже извор од матичната книга на родените и докази за семејното стебло.

Аргентинецот на лето најверојатно ќе го напушти Јувентус, бидејќи тогаш му истекува договорот, а разговори за евентуално продолжување на соработката засега нема.

Понудите полека почнаа да пристигнуваат, а денеска официјално интерес пројави и екипата во која не може да игра секој. Поточно, пред да се започнат официјални преговори, самиот фудбалер мора да покаже извод од матичната книга на родените и докази за семејното стебло. Станува збор за екипата на Атлетик Билбао.

Атлетик Билбао е единствен тим во светот во кој смеат да играат само фудбалери кои имаат баскиско потекло.

Гонзало Игуаин има двојно државјанство, аргентинско и француско бидејќи тој е роден во Брест. Неговиот татко Хорхе кој исто така бил професионален фудбалер и во моментите кога се родил Гонзало, тој настапувал токму за Брест.

Весникот „Марка“ успеа во својата архива да пронајде исповед на Хорхе Игуаин од пред 15 години кога неговиот втор син, Федерико беше пред трансфер токму во Атлетик Билбао. Според изјавата на Хорхе, неговиот дедо бил Баскиец:

– Татко ми постојано ме потсетуваше дека дедо отсекогаш зборувал дека Баскијците не се ниту Шпанци ниту Французи и дека не припаѓаат на никого. Тие едноставно се Баскијци – изјавил Хорхе Игуаин.

Оваа изјава на Хорхе е доволна за управата на Атлетик да достави официјална понуда за Гонзало Игуаин од следната сезона да настапува за „најгордиот“ тим на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот