Игрите на Комонвелтот: Без трага исчезнаа десетмина од Шри Ланка

EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Спортисти од Шри Ланка бараат спас во Британија, наместо резултати бркаат работа. Не помогнало ни одземање на пасошите

Бројот на исчезнати лица од делегацијата на Шри Ланка на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем, се искачи на 10. Овие спортисти и официјални лица се обидуваат да избегнат враќање поради економската криза и политичките превирања во нивната земја, јавува гласилото „инсајддгејмс“.

Прво беше пријавено исчезнале двајца спортисти и еден тренер, но тој број се зголемил. Први исчезнале џудистката Чамила Дилани, менаџерот на џудо-тимот Асела да Силва и борачот Шанит Чатуранга.

Како превентивна мерка, претставниците на Шри Ланка ги задржале пасошите на членовите на тимот во обид да спречат некој друг да избега. Локалните власти им наредија на лидерите на тимовите да им ги вратат пасошите на спортистите, зашто тоа ги прекршува англиските закони.

– Се сомневаме дека сакаат да останат во Обединетото Кралство, можеби за да се вработат – изјавил неименуван функционер од тимот на оваа земја.

Тим од 110 спортисти и 51 службеник ја претставуваа Шри Ланка на Бирмингем 2022. Шри Ланка освои еден сребрен и три бронзени медали.

Во Шри Ланка со месеци се организираат масовни протести поради лошото управување на претходната влада, а овој притисок на крајот доведе до оставка на претседателот Готабаја Рајапакса. Земјата се соочува со недостиг од храна и гориво, а Владата остана без девизи за да купи основни производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот