Игравме див фудбал, но најважна е победата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим беше доволно добар за да ги освои трите бода против Ајакс, но свесен е дека не беше прикажана добра игра.

Англискиот шампион славеше со 0:1 на гостувањето кај Ајакс и тоа благодарение на автоголот на Таљафико.

На крајот победата е најважна иако мислам дека и двете екипи можеа да прикажат подобар фудбал. На моменти беше диво. Не ги искористивме шансите, но и Ајакс имаше свои шанси посебно кога ја погоди гредата. На крајот, задоволен сум од победата, не беше прикажан убав фудбал, но дојдовме по трите бода и на крајот ги освоивме – вели Клоп.

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, е задоволен од играта на неговиот тим иако загуби.
Го доведовме Ливерпул до бездната, но не го бутнавме во неа. Сами сме криви што не остваривме подобар резултат, создадовме одлични шанси но не успеавме да реализираме – изјави Тен Хаг.

Прочитајте и...  Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Поврзани вести

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Ракометарите на Вардар не патуваат во Париз, ќе се бара трет термин за дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian