Играчот на Јувентус Кулушевски на одмор во Охрид (ФОТО)

фото: твитер

Своевремено ги бранеше боите на македонската репрезентација до 16 години, но подоцна одлучи да настапува за Шведска. Веќе го имаше дебито за шведската сениорска селекција во квалификациите за ЕП лани на 18 ноември во триумфот над Фарски Острови.

Дејан Кулушевски, еден од најперспективните играчи во Италија и пошироко, моментно е играч на Јувентус, а минатата сезона играше на позајмица во Парма.

View this post on Instagram

Really livin life..?

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on

Швеѓанецот со македонско потекло после напорната сезона во Серија А одлучи својот одмор да го помине во нашата земја, поточно во Охрид. Роден во Шведска, неговото потекло е од охридскиот крај, поточно неговиот татко е охриѓанец.

Ланската сезона во најсилното италијанско првенство запиша 19 настапи и реализираше шест голови во дресот на Парма.

Одморот го поминува заедно со младиот шведски репрезентативец, Џоел Асоро кој ги брани боите на Свонси, фотографиите ги сподели на Инстаграм.

Пред да се пресели во Парма, Кулушевски настапуваше и за составот на Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот