Играчот на Баерн Минхен, Лесор: Многу ми помогна Перо Антиќ!

фото: твитер/fiba.basketball

Францускиот репрезентативец пред да се пресели во Германија, ги бранеше боите на Црвена звезда каде што соиграч му беше поранешниот македонски репрезентативец…

Во интервјуто за „Спортклуб.рс“ зборуваше францускиот кошаркар кој што моментно ги брани боите на германскиот кошаркарски клуб Баерн Минхен.

Матијас Лесор (24) пред да се пресели во Германија играше за Црвена звезда (2017-2018) каде што соиграч му беше поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ.

На прашањето од кои соиграчи во текот на кариерата најмногу учеше и како, одговори дека важен придонес имаше сегашниот претседател на нашата кошаркарска федерација:

Перо Антиќ, повеќекратен освојувач на Евролигата, играше и во НБА, дефинитивно одличен играч. Собрав некои негови искуства, тој на вистински начин ја разбира играта и ми помагаше во движењето на теренот. Посебно ме импресионираше како се поставува во одбраната и како ги чита противничките напади – затоа и стигнуваше навреме, иако не беше брз како во времето кога беше помлад – рече Лесор.

Во својата кариера овој центар беше дел уште од Елан Шалон, Нантер 92 и Уникаха. Со француската репрезентација успеа да го освои бронзениот медал на СП во Кина 2019.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот