Играчките и автомобилите водат на европската листа на опасни материи

Играчките, автомобилите и моторите се на врвот на рангирањето на опасни материи пронајдени на европските пазари во 2022 година. Ова го открива годишниот извештај на Европскиот систем за известување за ризични производи, кој работи преку порталот Сејфти Гејт.

Оваа мрежа алармира само за непрехранбени производи, оти има различен систем за храна. Преку порталот Сејфти Гејт, 30 земји-членки на ЕУ плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн пријавуваат производи кои можат да предизвикаат повреда, труење, гушење, струен удар итн.

Во случај на таков сигнал, производот мора веднаш да се повлече од пазарот. „Наодите“ се најразновидни, со што се добива впечаток дека одделни земји имаат специфики во „уловот“. Шведска, на пример, има поднесено најмногу извештаи за козметика. Словачка најчесто алармираше за опасен накит, Романија – за облека и текстил, Шпанија и Полска – за играчки.

Сите „црвени аларми“ од Португалија се во категоријата „моторни возила“, Франција и Германија исто така имаат многу случаи во оваа област (ризици од палење, проблеми со сопирачките итн.). Од Норвешка преовладуваат податоците за електричните апарати, а во Данска приоритет имаат опасните огномети и други пиротехнички средства. Бугарија, заедно со Ирска, имаат фокус на „хемиските производи“, пренесува „24Часа.бг“. Сејфти Гејт за само 6 месеци, анализирал 616.000 веб-страници и помогнал да се поднесат речиси 1.000 предупредувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот