Играчите одбиваат НБА лигата да започне годинава
Извршната директорка на Унијата на НБА кошаркари (НБПА) Мишел Робертс, денеска изјави дека поголем дел од кошаркарите се против предлогот на Лигата, новата сезона да започне на 22. декември и да се одиграат 72. натпревари во регуларниот дел.
За да не загуби 500 милиони долари, сезоната во НБА ќе стартува пред Нова година
– Најголем дел од одговорите кои ги добив од кошаркарите е дека овој предлог е неприфатлив – изјави Робертс.
Таа исто така потенцира дека рокот за сопствениците или играчите да го одбијат колективниот договор на НБА лигата е до петок и дека тој детално се проучува. Сепак, Робертс изјави дека дека оваа недела играчите нема да ја донесат конечната одлука.
– Побаравме и добиваме податоци од вклучените страни и ќе работиме на контра предлог. Нема причина да верувам дека одлуката ќе биде донесена пред петок. Не можам и нема да го гледам петок како конечен датум за одлуката – додава Робертс.
Извршната директорка на НБПА изјави дека кошаркарите и сопствениците на екипите не се многу далеку од ставовите по прашањата на ограничувањето на платите и на даноците, и вели дека желбата на играчите е да продолжат да играат но мора да се внимава на коронавирусот. Исто така Робертс наведе дека НБА лигата и сопствениците мора да го земат во земат ја земат во предвид и жртвата која ја направија кошаркарите со тоа што во „меурот“ во Дизни Ворлд ја доиграа сезоната и поради тоа заслужуваат одмор.