Играчите на Арсенал застанаа зад Џака

twitter/Arsenal FC News

Гранит Џака во неделата влезе во дуел со навивачите на Арсенал кои го исвиркуваа додека го напушташе теренот. Швајцарскиот репрезентативец по напуштањето на теренот го соблече дресот и веднаш замина во соблекувалната што дополнително ги иритираше фановите.

Веќе наредниот ден, тренерот Унаи Емери на прес конференција не можеше со сигурност да потврди дали Џака ќе остане капитен на Арсенал, но сите дилеми ги разреши голманот Емилијано Мартинез.

– Тој е вистински лидер и затоа ја има нашата поддршка. Гранит е разочаран бидејќи добра личност и го сака овој клуб. Менаџерот ќе одлучи дали Џака останува капитен, но во овие моменти сме сите со него. Сите знаеме колку го сака овој клуб, беше емотивен и брзоплето изреагира во неделата – рече Мартинез.

Џака не беше дел од тимот на Арсенал кој вчеравечер одигра фантастичен натпревар во Лига купот против Ливерпул. Натпреварот заврши со неверојатни 5:5, а Ливерпул обезбеди пласман во следната фаза по подобро изведување на пенали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот