Играчите го минирале Емери: Го исмевале на Фејсбук, на теренот, во соблекувалната

twitter/Arsenal

Унаи Емери вчера и официјално доби отказ од тренерската функција во Арсенал, на големо задоволство на фудбалерите. Само еден ден по отказот, се откри дека самите фудбалери го минирале својот тренер.
„Evening Standard“ детално ги опишува исмевањата кои му ги правеле фудбалерите на Унаи Емери.

„На почетокот од месецов, Арсенал се враќаше од натпреварот против Гимараеш во Лигата на Европа. Унаи Емери седеше сам и загрижен во авионот, додека расположението околу него беше сосема поинакво.

Тогаш еден од фудбалерите гласно праша за да биде слушнат и од Емери: Сега, колку капитени имаме?, исмевајќи ја одлуката на тренерот да го постави Пјер-Емерик Обамејанг за капитен, откако таа должност му беше одземена на Гранит Џака“, пишува весникот.

Ова не единствената работа која ја исмеваа фудбалерите кај нивниот поранешен тренер. Тие подолго време отворено се исмеваа на неговиот нагласокот и лошото познавање на англискиот јазик на Унаи Емери.

На почетокот, тоа го правеа со „лајкнување“ на објавите на социјалните мрежи на кои се исмеваше лошиот англиски јазик, како познатата негова изрека „this ebening“. „Минирањето“ потоа продолжи и во соблекувалната и тоа во моментите кога во неа беше присутен и самиот Емери.

Според „Evening Standard“, токму поради лошото познавање на англискиот јазик Унаи Емери ја загуби контролата во соблекувалната бидејќи фудбалерите не сфаќаа што бара од нив.

„И покрај лошиот англиски јазик, Емери на почетокот од сезонава кажа дека не му треба преведувач и со тоа е најзаслужен за проблемите во комуникацијата со фудбалерите. Сите знаат дека Емери инсистира на предолги состаноци и видео анализи на противниците, па речиси никој не го разбираше тоа што тој го зборуваше. Наместо да се обиде да се вдоми во Лондон, тој секој слободен момент го користеше да замине во Шпанија“, вели анонимен извор за весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот