Играч со 3 АТП титули местел мечеви, на Ѓоковиќ му нуделе 200.000 долари!

Global Look Press/ZUMA Press/Screenshot social media

Истражувањето дојде до податоци дека во местењето се вклучени 135 тенисери, помеѓу кои и еден играч од Топ 30, сопственик на три титули, но не му се открива името.

Вмешани се тенисери од Белгија, Франција, Шпанија и САД, а до тие информации се дојде после една година истрага. За сето тоа белгиските органи го информирал американското „ФБИ“. Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ) суспендираше повеќе од 20 тенисери и тенисерки оваа година.

– Станува збор за мрежа на ерменска мафија која масовно се шири преку седум земји во Европа. Таа е многу интелигентна и можат да ве измамат на многу високо ниво. Тие имаат луѓе кои се одговорни за сметки, кои перат пари и кои воспоставуваат контакт со играчите – рече заменик јавниот обвинител на Белгика, Ерик Бископ.

Да потсетиме, и на Новак Ѓоковиќ своевремено му нуделе 200.000 долари да загуби меч во првото коло на турнирот во Санкт Петербург во 2007. година, што тој ги одби, подоцна зборуваше за тоа.

– Не ме прашаа директно, туку беше преку некои луѓе кои тогаш работеа во мојот тим. Секако, веднаш е отфрлена можноста. Тоа дури не стигна до мене, тој човек се обиде да разговара со мене, но не успеа. Оттогаш немаше ништо. За жал, тогаш се кружеа гласини, но тоа е средено, а во последните шест, седум години, не сум слушнал ништо слично. Нема место за местење мечеви и корупција во нашиот спорт. Се трудиме да го одржиме што почист. Мислам дека спортот ги надгради програмите, а власите би требало да се занимаваат со тие случаи – рече Ѓоковиќ во 2016. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот