Играа Лига на шампиони, а денеска стадионот им е руина за хорор филмови!

Фото извор: SITA/sport.aktuality.sk

За оние кои подолго и редовно ја следат фудбалската Лига на шампионите, сигурно се сеќаваат на словачката сензација Артмедија Петржалка.

Потсетување дека во сезоната 2005/2006 овој клуб играше во групна фаза на ЛШ, беше во група со Интер, Порто и Ренџерс, на крајот ја освоија третата позиција.

Екипата денеска е во аматерски ранг на натпреварување под новото име ФК Петржалка.

Сепак, најголем удар за клубот е стадионот Артмедија кој денеска изгледа во очајна состојба.

Стадионот е руина каде можат да се снимаат дури и хорор филмови, а пред тоа на интернет се појави и слика каде стадионот беше претворен во ѓубриште.

Фото извор: SITA/sport.aktuality.sk
Фото извор: topky.sk/Vladimír Labát

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот