„Игра на тронови“ станува театарска претстава

Profimedia
Фото Профимедиа

„Игра на тронови“ се сели во театар! Задачата за театарската адаптација им припадна на британскиот драматург Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите претстави се очекуваат во 2023 година.

За адаптацијата Мекмилан и Кук соработуваат со американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин.

Претставата за прв пат ќе ја однесе публиката подлабоко зад сцената на еден познат настан кој претходно беше чуван во тајност. Заедно со многу од најпознатите ликови од серијата, продукцијата ќе се базира на приказна фокусирана на љубов, одмазда, лудило и опасностите од справување со пророштвата, во процес на откривање тајни и лаги што досега беа само навестени“, се вели во официјалниот опис на претставата.

Profimedia
Profimedia

Во театарската претстава „ќе се појават многу познати ликови“ од книжевната сага и успешната тв-серија што се снимаше осум сезони.

Нашиот сон е да го поставиме Вестерос на Бродвеј и Вест Енд, но исто така и во Австралија“, рече Џорџ Р. Р. Мартин, кој започна да работи на тој проект пред пандемијата на коронавирусите.

Драматургот Данкан Мекмилан веќе се обидел да создаде театарски адаптациина романите на Џорџ Орвел од 1984 година и „Стаклениот град“ на Пол Остер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот