„Игра на тронови“ руши рекорди со 32 номинации за Еми

игра на тронови game of thrones
Фото Профимедиа

Kултната серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones) чие емитување заврши неодамна со прикажувањето на осмата и последна сезона, продолжува да урива рекорди.

Имено серијата оваа година има 32 номинации за ТВ-наградите „Еми“, што е нов рекорд. Деветмина актери од серијата ќе се борат за престижната награда, Кит Харингтон и Емилија Кларк се во конкуренција за најдобри актери, четири актерки ќе се борат за најдобра женска споредна улога, а тројца актери за најдобра машка споредна улога.

Рекордот со најмногу номинации во една година до сега го држеше серијата „Њујоршките сини“ која во 1994 година имаше 27 номинации.

Со „Game of Thrones“ HBO ја врати доминацијата над Netflix, стриминг платформата што лани владееше со номинациите за престижните награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот