„Игра на тронови“ – факти кои можеби не сте ги знаеле

Во пресрет на долгоочекуваната премиера на осмата сезона на „Игра на престолите“, еве некои интересни факти за серијата кои можеби не сте ги знаеле.

Снимањето на една епизода чини просечно 6 милиони долари. За деветтата епизода од втората сезона, на пример, потрошени се повеќе од 8 милиони долари.

Серијата досега се снимала во шест држави – САД, Мароко, Северна Ирска, Хрватска, Малта и Исланд. Во овие земји серијата донела многу туристи, а властите на Северна Ирска проценуваат дека од „Играта на троновите“ заработиле повеќе од 100 милиони долари.

Питер Динклиџ, кој ја толкува улогата на Тирион Ланистер, е најплатената ѕвезда на серијата.

За потребите на серијата се осмислени два сосема нови јазици – дотрачки и валиријски. Творец на овие јазици е лингвистот Дејвид Питерсон. Тој го составил и речникот на дотрачкиот јазик, кој содржи 4000 зборови.

Во серијата се појавуваат вистински волци, кои се само компјутерски зголемени поради посилен визуелен впечаток.

Инспирацијата на Џ. Р.Р. Мартин за Ѕидот на Северот, Вестерос, бил Ѕидот на Адријан во Велика Британија. Овој ѕид, како што кажува самото име, го изградил ринскиот цар Адријан поради заштита на римската провинција Британија од упади на варварите од Северот.

Актерот кој ја толкува улогата на учителот Ејмон навистина е слеп.

Авторот Мартин тврди дека за неговото дело бил инспириран од повеќе работи. Најголемо влијание на создавањето на „Играта на престИгра на троновиолите“ оствариле стриповите на Стен Ли, „Господарот на прстените“ на Толкин, германската митологија, но и вистинските историски случувања, како што е Војна на розите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот