Игор Спасов откриен по пријава за семејно насилство во станот во Софија

Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија.

За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Бугарското Министерство за внатрешни работи за дописникот на МИА потврди дека Игор Спасов е приведен од бугарската полиција во понеделникот, но не сакаше да каже каква ќе биде постапката понатаму.

Поранешниот полицаец Игор Спасов  осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во  населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, претходно  јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија. Веста за апсењето на Спасов синоќа ја потврдија за МИА од нашето МВР.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години  и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот