Игор Јанушев се повлече од позицијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од лични причини се откажал да ја извршува оваа партиска функција. Ова на прес-конференцијата вечерва го соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Игор Јанушев,  генерален секретар на партијата поради лични причини се повлекол од теренски најистурената партиска функција. Но, тој ќе остане да дава придонес во активностите на партијата. Му се заблагодарувам за досегашниот ангажман – рече Мицкоски.

Мицкоски на прес-конференцијата рече дека на дневен ред на седницата на Централниот комитет била актуелната полигтичка состојба и состојбата во партијата.

– Заев не може да реши ништо. Секој ден поминат со оваа влада ќе биде погубен.за народот и државата. Владата на Заев не може да ги реши  проблемите ниту во здравството, ниту со образованието…,бидејќи владата на Заев е проблемот – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот