Игор Јакимовски по 29 ти пат, успеа да го фати крстот во Вардар

Среќниот фаќач на крстот/

Уште од средношколските денови почнал  да се фрла по светиот крст на Водици, за денеска конечно крстот буквално да падне во неговите раце. Среќникот кој оваа година го фати крстот во осветените води на Вардар е Игор Јакимовски, кој 29 години по  ред влегува во студенатаа вода.

– Оваа  година така се погоди да крстот падне во мои раце. И самите видовте дека ние не се натпреварувавме кој прв ќе доплива до крстот, туку сите заедно сплотени мирно чекавме да заврши литургијата и осветувањето на водата. Се договоривме осветениот крст да помине во домовите на  секој кој денеска учествуваше на манифестацијата, рече Јакимовски.

Вели, иако  времето беше сончево сепак водата била многу ладна, во споредба со минатите години, но вербата во Господ секогаш ја става пред се.

– Никогаш не ми се случило да се премислам, да не учествувам  во манифестацијата. Благодарен сум на Господ што здравјето сите овие години добро ме служење за да не морам да прескокнам ниту едно фрлање по крстот, додава Јакимовски.

Видео на денот