Игор Џамбазов откри како се освојува срце што има освоено врв како Монт Еверест

Фото: Инстаграм

Сите љубови личат една на друга, а сепак секоја е приказна за себе. Игор Џамбазов и Илина Арсова се пар за кој се чини како никогаш да не престана да се зборува. Сите реагираа, шпекулираа а тие само уште повеќе ги разгоруваа приказните поврзани со нив, постојано објавувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Објавуваат фотографии од нивното секојдневие, далеку од очите на сите, покрај езера, планини, пријатели, и што е најважно секаде се со широки насмевки.

Откако ја навикнаа јавноста дека се навистина заедно, Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ прозборе за љубовта со познатата планинарка Илина Арсова, откривајќи како се запознале и како почнало сѐ!

Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе“, во негов стил раскажува Џамбазов.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја“, изјави Џамбазов.

За сериозноста за врската со Илина потврдува секоја нивна објава, секое нивно меѓусебно поддржување во сѐ што прават. Неодамна беше објавена книгата на Илина „Планинарење“ за која доби неизмерна поддршка од Игор.

Тој призна и дека врската со Илина е сериозна, и додаде:

Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето“.

Фото: Инстаграм

Погледнете го интервјуто со Игор за естрадниот магазин „Бекстејџ“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот