Игор Џамбазов ja објави последната заедничка фотографија: Тато, мама, баба и дедо 5-ре… (ФОТО)

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил постојано објавува фотографии од неговиот приватен живот. Се сеќава на минатото, поздравува пријатели, поддржува и бодри свои соработници.

Денес Игор ја објави и последната заедничка слика со дедо му Петре Прличко, баба му Нада и неговите родители Александар и Анче.

Instagram

Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…“, напишал Игор како опис на фотографијата.

На едно место се легендите на македонската уметност. Најубавата слика што некогаш си ја објавил. Некогаш ќе заврши на аукција и ќе достигне голема цена“, напиша еден негов обожавател.

Коментари доби и од неговите пријатели од естрадата меѓу кои Калиопи и Тамара Тодевска.

Instagram

Џамбазов неодамна објави фотографии од својата мајка „23 години без мојата најдобра другарка, колешка, мајка…“, напиша Игор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот