Игор Џамбазов и Илина Арсова: Омилениот пар на македонската јавност

Instagram
Фото: Инстаграм

Сите љубови се слични една на друга, а различни на посебен начин. Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено станаа омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заеднички фотографии, взаемна поддршка и позитивна енергија.

Instagram
Instagram

Нашата позната алпинистка Илина Арсова, моментално се наоѓа во Турција, па нејзиниот сакан Игор „ја поздрави“ на оригинален начин.

Instagram
Фотографија објавена од Џамбазов / Instagram

Џамбазов на својот Инстаграм профил ја објави сликата под која напиша „Seni seviyorum“ или во превод од турски јазик „Те љубам“. А Илина за брзо му „врати“ шеговито велејќи: „Чиста поезија“.

Instagram
Instagram

Илина и Игор станаа омилен пар на јавноста, токму поради нивната искреност, никој во суштина не треба го интересира дали нивната љубов ќе добие некаков „расплет“, сè додека се среќни еден со друг.

Колку и да се различни, успеале да создадат нешто свое и безусловно да се поддржуваат во тоа што го прават. Тие својата креативност ја покажуваат и докажуваат секој ден на најразлични начини.

Instagram
Instagram

Илина, покрај тоа што го „доближи“ планинарството до обичниот народ, споделувајќи моменти од своите професионални ангажмани, Арсова постојано покажува и други страни од себе.

Instagram
Дело на Илина, кое го сподели Џамбазов насловено „Слобода“ / Instagram

Илина на социјалните мрежи покрај фотографиите од високите врвови, објавува и свои уметнички дела со кои нè освојува сите, со посветеноста и талентот што го поседува.

Instagram
Дело на Илина / Instagram

Таа нема некои посебни фалинки, освен што по цел ден слика калинки…“, напиша Игор под сликата на Илина. А Илина само додаде „Калинка е во мода“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот