Игор Џамбазов: Девет дена не излегов од соба на одмор во Грција (ВИДЕО)

Фото: Промо

Игор Џамбазов се враќа во новогодишната Еден на Еден со Жаре, во недела, од 18.30 на Канал 5. Омилениот актер и шоумен искрено раскажа како му поминала цела година, работно и приватно.

Џамбазов периодов поретко оди во Стојаково и во Слепче, но затоа Дојран е неговата нова база.

– Јас сум дојранчанец со привремена работа во Скопје“, му рече Игор на Жаре.

Фото: Промо

Дојран му е омилен, но Џамбаз е еден од ретките кој речиси никогаш не оди на одмор во Грција.

– Пред многу години во „Супер Бинго“, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција.  Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.

Во дел од нив му асистираше и неговиот стар другар Гуру Харе. Игор и Гуру Харе бендот се добро позната музичка екипа, па ни оваа Еден на Еден нема да помине без нивните песни.

Малку повеќе од она што нѐ очeкува во недела, погледнете во најавата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот