Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Игор Ангеловски е нов тренер на Каспиј од Казахстан

Официјално Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на фудбалскиот клуб Каспиј од Казахстан.

Не се познати деталите од договорот, само е објавено дека Ангеловски успеа да ја однесе македонската А репрезентација на Евро 2020.

Претходно нашиот стратег беше на клупата на Горица од Хрватска, но дојде до прекин на соработката по лошите резултати. Во својата тренерска кариера во периодот од 2013 до 2015 година го водеше Работнички.

Каспиј Актау не ја започна најдобро сезоната, после шест одиграни кола е на последната 14 позиција со три бодови.

Се очекува Мрме своето деби на клупата да го има на 22 април на гостински терен против моментно водечкиот во шампионатот против Кизилжар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот