ИФРЦ: Се нижат катастрофи предизвикани од екстремни климатски услови

Фото: Twitter

 Бројот на катастрофи предизвикани од екстремни временски и климатски услови расте, се наведува во денешниот извештај на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и се додава дека парите не стигнуваат таму каде што се најпотребни.

„Случаите со поплави, бури и топлотни бранови се зголемија за речиси 35 проценти од 90-тите години на минатиот век, што погоди 1,7 милијарди луѓе во последните 10 години , а починаа околу 410. 000 луѓе, се вели во извештајот на ИФРЦ на 378 страници.

Ваквите настани сега сочинуваат 83 проценти од сите катастрофи и постои зголемен ризик од истовремени катастрофи, се вели во извештајот и се додава дека има сè поголеми знаци на драматичен пораст на екстремни временски непогоди.

„Сепак, парите потребни за надминување на ваквите можности не секогаш стигнуваат до најоштетените”, се наведува во извештајот.

Меѓу земјите рангирани како најранливи на вакви катастрофи се Судан, кој доживеа рекордни поплави оваа година, и Сомалија, која е склона на суша.

Но, овие нации добија само 27 центи и 59 центи по лице како дел од финансирањето на климатските адаптации во 2018 година.

Спротивно на тоа, ниту една од петте земји со највисоки стапки финансирањето немаше висока стапка на ранливост, се наведува, без назначување тие земји. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот