ИФФК „Браќа Манаки“: Централен настан во чест на традицијата во Битола

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ со одлука на УО на ДФРМ годинава нема да се одржи во својата традиционална форма, но ќе биде одбележан со централен настан во Битола, што ќе се одржи на 19 септември во Пациото на Музеј и завод на Битола.

На настанот ќе се обратат покровителот на фестивалот, претседателот на РСМ Стево Пендаровски, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ Игор Иванов и Гена Теодосиевска, директорка на 41. ИФФК „Браќа Манаки“. За време на настанот ќе има обраќање преку видеоврска и на добитникот на „Златна камера 300 за животен опус“, Јануш Камински, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Првиот програмски сервис на МТВ и на ФБ-профилот на фестивалот.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува ДФРМ. Видео обраќање до фестивалот се очекува да има и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум. На настанот ќе биде прикажано и видео за новото кино „Манаки“ во Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот