ИФЦ со поддршка на закрепнувањето и растот во производствениот сектор во Западен Балкан

Фото: МИА

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е членка на Групацијата на Светската Банка, започнува со спроведување на дигитална платформа која ќе ја зголеми поврзаноста помеѓу фирмите од Западниот Балкан и регионалните и глобалните синџири на вредност. Ова претставува дел од напорите за создавање на работни места и поддршка на економското закрепнување на регионот од пандемијата Ковид-19.

Спроведена заедно со швајцарскиот Секретаријат за економски работи, иницијативата е дел од советодавната програма на ИФЦ во Србија, Косово и Северна Македонија која се очекува да овозможи финансирање од 45 милиони американски долари за производствените фирми. Тука, исто така, се вклучени и пет милиони американски долари во странски директни инвестиции и поддршка за зголемување на бројот на работни места со повисока додадена вредност. Ковид-19 изврши притисок на производителите ширум Западниот Балкан, а програмата е осмислена да создаде нови можности за фирмите и на тој начин да го забрза закрепнувањето од пандемијата, информираат од Канцеларијата на Светската банка.

– Денес, производството е втор најголем сектор по бројот на вработувања во сите земји на Југоисточна Европа и има трет најголем придонес кон бруто домашниот производ. Се проценува дека лесното производство обезбедува работни места за 200.000 луѓе само во Србија и над 70 проценти од овие вработувања се создадени од страна на малите и средните претпријатија (МСП), изјави Лилиана де Са Кирхкнопф, раководител на Одделот за развој на приватниот сектор при швајцарскиот Секретаријат за економски работи.

Преку унапредувањето на економската интеграција на производствениот сектор на Западен Балкан како во регионот така и кај глобалните синџири на вредност, Швајцарскиот секретаријат за економски работи има за цел да придонесе за создавање на повеќе и подобри работни места за локалните работници и поголеми приходи од продажба за МСП.

Производителите од Западниот Балкан се обидуваат да влезат во глобалните синџири на снабдување во изминатата деценија, но не сите имаат капацитети и вештини да се поврзат со меѓународните фирми. ИФЦ соработува со Ахилес од Обединетото Кралство, глобален добавувач на изворни платформи, во насока на создавање на дигитален пазар каде производителите ќе можат да се поврзат со инвеститорите, купувачите и добавувачите. Програмата ќе се фокусира на домашните производители во најразлични сектор вклучувајќи, автомото, индустриска опрема, земјоделска опрема и лесно производство.

– Како што излегуваме од кризата со Ковид-19, Западен Балкан има можност за привлекување на нови приватни инвестиции, создавање на работни места со одредени вештини и зголемување на приходите, изјави Ари Наим, регионален раководител на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа.

Со оваа програма, потенцира тој, имаме за цел да ги поврземе малите и средните претпријатија од регионот со глобалните синџири на вредност и на тој начин да им помогнеме да бидат поконкурентни и да имаат побрз раст.”

ИФЦ работи во повеќе од 100 земји.  Во минатата година, како што соопштија, инвестирале 22 милијарди американски долари во приватни компании и финансиски институции во земји во развој. Швајцарскиот секретаријат за економски работи, пак, е центар на компетентност во Швајцарија за сите основни прашања поврзани со економската политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот