ИФАБ: Промена на фудбалското правило за случајно играње со рака

epa08648736 Serob Grigoryan (R) of Armenia in action against Egzijan Alioski (L) of North Macedonia during the UEFA Nations League, League C, group 2 match, between North Macedonia and Armenia in Skopje, Republic of North Macedonia on 05 September 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) задолжен за промена на фудбалските правила одлучи дека случајно играње со рака на играчот при постигнување гол повеќе нема да се казнува.

По оваа одлука, голот нема да биде поништен кога играчот, според проценката на судијата, случајно игра со рака на дело кога постигнува гол или доколку постигне гол со рака.

Промената на правилата ќе стапи на сила од 1 јули 2021 година, но ИФАБ изјави дека натпреварувањата имаат можност да ги применат порано.

Уредбата беше променета по растечкото незадоволство на играчите, тренерите и навивачите во врска со престрогото поништување на головите, откако беше воведено пред две години.

– После направената анализа, се појави чувство дека тоа можеби е претерано. Тоа беше перцепцијата на јавноста и перцепцијата која ја имавме на ИФАБ. Затоа ја сменивме оваа регулатива – рече претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Голот и натаму ќе биде поништен кога фудбалерот игра со рака, а судијата проценува дека имало намера. ИФАБ исто така изјави дека ја разгледува можноста правилото за пет замени во текот на натпреварите да остане на сила и на СП 2022 во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот