
Иџе во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј, 200-та трка во својата кариера
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе претстојниот викенд ќе има голема мотивација да дојде до нова победа, бидејќи ќе ја вози својата 200 јубилејна трка во кариерата.
Препорачано
Бузет ќе биде последната станува годинава во ФИМ Европскиот шампионат на ридски патеки, а нашиот Иџе настапува со својот Ферари 488 B8.
За овој настан на патеката во Бузет. 241 возач, моментно Стефановски е второпласиран во генералниот пласман од првата група на шампионат. Стефановски е инаку носител на европската титула во ова натпреварување, во групата 1.
Стефановски има 129 бодови, пред водечкиот Гжегож Розалски од Полска кој има 151, додека на третото место е Рето Меисел од Швајцарија со 128.
– Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна поддршка. Оваа трка е посебна, затоа што со неа одбележувам 200 настапи во кариерата – предизвик кој ме мотивира уште повеќе – вели Стефановски.
Во својата кариера Иџе во изминатите 199 трки запиша 83 победи и 122 подиуми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
1час
-
2час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5