Идните пензионери имаат акции во „Сименс“, „БМВ“, „Нестле“…

Фонд за пензиско и инвалидско осигурување/Фото: МИА

Двете приватни пензиски друштва што се дел од задолжителното пензиско осигурување во вториот столб – „КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд“ и „Сава пензиски фонд“ минатата година оствариле просечен седумгодишен принос во номинален износ од 5,97 проценти. Кај доброволните фондови – „КБ прв отворен доброволен пензиски фонд“ и „Сава пензија плус“, просечниот принос во номинален износ бил 5,81 проценти.

Приватните пензиски друштва се задоволни од остварениот принос и укажуваат дека тој е поголем од каматите на депозитите во банките. Имено, според последните податоци од Народна банка, во јуни просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесувала 1,41 отсто, при што кај домаќинствата изнесувала 1,38 проценти.

Средствата со кои управуваат фондовите се инвестираат во хартии од вредност и во компании, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

– Минатата година средствата со кои управува „КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд“ беа инвестирани 71,13 отсто во домашни инструменти (63,67 отсто државни обврзници, 5,39 отсто депозити и 2,07 отсто акции на домашни компании), а 27,18 отсто во странски инструменти – во акции и удели во странски инвестициски фондови преку кои и нашите членови практично имаат сопственост во „Амазон“, „БМВ“, „Самсунг“, „ИБМ“, „Сименс“, „Нестле“ и во многу други познати светски компании. – вели Весна Стојановска, претседател на УО на „КБ прво пензиско друштво“.

Долга е листата што ја сочинуваат и инвестициите на „Сава пензиско друштво“. И таму има вложувања во државни обврзници во повеќе домашни компании, меѓу кои „Алкалоид“, „Фершпед“, „Витаминка“, „Тиквеш“, а инвестиции има и во странските „Новартис“, „Ројал дојл шел“, „Амазон“, „Букинг“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот